Достапни линкови

Сириските безбедносни сили пукале врз демонстранти


Сириските безбедносни сили денеска отвориле оган врз антивладини демонстранти во Хомс, третиот по голeмина град во Сирија. Демонстрантите претходно се собрале во централниот плоштад кој го преименувале во Тахрир како оној во Каиро, барајќи оставка од претседателот Башар ал Асад. Вчера илјадници луѓе се собраа во Хомс на погреб на демоснтрантите кои беа убиени во нередите што се случија во неделата. Министерството за внатрешни работи оцени дека нередите прераснале во вооружено востание зад кое стојат салафистички организации. Салафизмот е строга форма на сунитски ислам и многу арапски влади го поврзуваат со Ал Каида. Во досегашните нереди во Сирија загинале најмалку 200 луѓе.
XS
SM
MD
LG