Достапни линкови

Атина му забележува на Орбан за изјавата за Македонија


Министерот на надворешни работи се ракува Антонио Милошоски се поздравува со грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Друцас во Стразбур

Министерот на надворешни работи се ракува Антонио Милошоски се поздравува со грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Друцас во Стразбур

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас протестирал кај неговиот унгарски колега Јанош Мартоњи поради вчерашната изјава на премиерот на Унгарија Виктор Орбан на конференцијата за Западен Балкан во Брисел дека е апсурдно да се блокира Македонија поради билатералниот проблем за името со Грција и оти земјата треба да ги почне пристапните преговори со ЕУ. Друцас, како што пренесува грчката агенција АНА МПА, на маргините од министерскиот состанок на НАТО во Берлин, му кажал на Мартоњи дека Унгарија како претседавач со ЕУ треба да се држи до институционалните рамки и договори на ЕУ. Унгарскиот премиер Орбан вчера на конференција за Западен Балкан во Брисел побара Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ и покрај нерешениот спор за името.
XS
SM
MD
LG