Достапни линкови

Панфиз 2011


Во Скопје во тек е четвртото издание на единствениот фестивал за пантомима и физички театар ПАНФИЗ 2011.

Во петокот, со претставата Фантазмагорика на компанијата Дан Пурик од Букурешт, започна четвртото издание на ПАНФИЗ – фестивалот за пантомима и физички театар кој, полека но сигурно, од идеја на неколкумина артисти и вљубеници во оваа дејност станува една од маркантните точки на културното живеење во Македонија и гради имиџ на смела, иновативна и над се квалитетна манифестација пошироко во
Во овие четири изданија е важно тоа што фестивалот опстојува, се повеќе и повеќе групи и поединци што пројавуваат интерес за оваа уметност се пријавуваат, аплицираат, оваа година имавме над 30-тина апликации од сите континенти.
регионот.

„Во овие четири изданија е важно тоа што фестивалот опстојува, се повеќе и повеќе групи и поединци што пројавуваат интерес за оваа уметност се пријавуваат, аплицираат, оваа година имавме над 30-тина апликации од сите континенти. Важно е дека фестивалот го задржува своето ниво со надеж дека во иднина се повеќе и повеќе ќе се развива како би можеле понатаму да одиме со поголеми продукции и подобри претстави и секако најважниот сегмент е тоа дека публиката го прифати фестивалот“, забележува селекторот и еден од организаторите на ПАНФИЗ, актерот и пантомимичар Трајче Георгиев.

Инаку, покрај класичните пантомимичарски форми и соло перформансите како оној на Данецот Ларс Ингар Лундин во кој тој, заедно со режисерот Блен Виквер Хавиер, раскажува приказна за политичар кој во името на
Важно е дека фестивалот го задржува своето ниво со надеж дека во иднина се повеќе и повеќе ќе се развива како би можеле понатаму да одиме со поголеми продукции и подобри претстави.
демократијата на најбизарни начини се бори да ги придобие гласовите на избирачите и овојпат на програмата на ПАНФИЗ се застапени проекти во кои особено до израз доаѓа физичкиот театар. Од друга страна, наспроти овие програмски целини домашната публика по прв пат ќе има можност да се сретне со буто-театарот преку настапот на СУ-ЕН БУТО КОМПАНИ од Шведска.

„Сузена Акерлун вече долги години се занимава со БУТО театар, па така и ние ќе имаме можност оваа година да ја видиме нејзината претстава ’Парче‘ која се базира на БУТО театар.“

Интересно е и тоа што со растот на манифестација расне и интересот за овој дел од сценското изразување кај творците од Македонија, па затоа Георгиев со право вели:

„Иако со бавно темпо оди таа работа еве веќе се собираме на група од четворица-пет луѓе кои се образовани, така што очекуваме дека наскоро ќе излезе еден театарски производ од тој жанр кај нас.“

Кон ова само уште информацијата дека ПАНФИЗ има натпреварувачки карактер па така на финалната вечер ќе биде доделена награда за најдобрата претстава за која ќе одлучува трочлено жири, а фестивалот веќе трета година по ред е подржан од Министерството за култура.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG