Достапни линкови

Мала опасност од радиоактивност од Фукушима


Опасноста од разнесување на радиоактивните честици испуштени од хаварисаната нуклеарна централа Фукушима е минимизирана бидејќи тие се наоѓаат во ниските слоеви на атмосферата, изјави генералниот секретар на Светската метеоролошка организација (ВМО) Мишел Жеро на прес-конфернцијата во Скопје по повод отворањето на Регионалната работилница на ЕУМЕТСАТ за Западен Балкан, Источна Европа и земјите од кавкаскиот регион. „Ослободените нуклеарни честички од Фукушима се таложат во ниските слоеви од атмосферата, за разлика од Чернобил каде тие достигнаа во високите атмосферски слоеви. Ветерот просечно дува во правец кон Пацификот, иако не цело време, а тоа сериозно го намалува проблемот“ рече Жеро.
XS
SM
MD
LG