Достапни линкови

Назначен нов шеф на либиската дипломатија


Од средбата на Обеиди со грчкиот премиер Папандреу

Од средбата на Обеиди со грчкиот премиер Папандреу

Државниот секретар во либиското министерство за европски прашања Абделати Обеиди е наименуван за шеф на дипломатијата и ќе го замени Муса Куса, кој во минатата недела преку Тунис отпатува за Велика Британија и таму соопшти дека поднесува оставка. Обеиди се наоѓа во турнеја по земјите од јужна Европа посветена на завршување на судирите во Либија. По посетата на Грција, тој отпатува за Турција, а потоа оди за Малта, што според оценката на Асошиетед прес, претставува знак дека тврдиот став на либискиот лидер Моамер Гадафи омекнува под притисокот на постојаните напади.
XS
SM
MD
LG