Достапни линкови

logo-print

Десет години од конфликтот во 2001 година, Рамковниот договор и меѓуетничките односи, наместо „научени лекции", теми со кои манипулираат политичарите.

Политичарите се водат по народната „Повторувањето е мајка на знаењето“, ама пак не научија, и по 10 години никако да ја научат лекцијата „да не си играат со меѓуетничките односи“. По една деценија откако нападот врз полициската станица во тетовско Теарце го означи почетокот на воениот конфликт, случувањата од 2001 се уште се чуствителна тема за граѓаните, а сето тоа благодарение на политичарите, велат експертите. Проблемите што ја иницираа воената пресметка се уште тлеат во земјава велат луѓето што се бореа од двете страни. Поранешните припадници на ОНА, припадниците на безбедносните сили, граѓаните и политиколозите во едно се сложни поуката од конфликтот е „Никогаш да не се повтори“, само
До сега од 2001 година ништо се нема направено. Само доаѓаат избори, нешто пред избори и малку по избори се гледа народот и толку
што недостига уште политичка волја за да се примени поуката. Годинава се одбележува 10-годишнина од воениот конфликт кој остави многу недолечени рани. Охридскиот рамковен договор кој го означи крајот на воените дејствија се уште ги огорчува и Македонците и Албанците, велат учесниците во војната. Едните сé уште сметаат дека со договорот од Охрид не им се исполнети сите права за кои се бореа, а другите пак сметаат дека со него им се намалуваат правата кои претходно ги имале. Граѓаните велат дека политичарите не престанаа да си играат со етничките чуства на граѓаните.

„До сега од 2001 година ништо се нема направено. Само доаѓаат избори, нешто пред избори и малку по избори се гледа народот и толку.“

„Македонскиот народ е таков да постојано се плаши од војна, дека нешто ќе се случи. Со векови така живее.“

„Според мене се полошо и полошо, никаква лекција немаат научено.“

Можеме ли да живееме заедно?

Меѓуетничката толеранција требаше да биде една од лекциите кои требаше да произлезат, но политичарите не дозволија тоа во целост да заживее, велат граѓаните.

„Тие не можат да живеат со нас, ниту ние со нив. Значи се ова е вештачко, тоа си е потистано и ќе излезе на крајот.“

Тетово се уште „ги лечи раните“ од конфликтот

„Треба да научиме и треба да се навикнеме, а тоа што беше беше. Сега зависи од политичарите.“

„Да не го манипулираат народот, се е во врска со парите, не зборувам етнички, буџетот е само за едните или само за другите.“

Во последниве десетина години последиците од конфликтот не се санирани. Се уште стотици раселени лица од кризните региони живеат во колективни центри. Претседатлката на здружението на раселени лица „Зора„ Јана Петрушевска вели дека по она што го преживеале за време на конфкликтот, никогаш нема да се вратат во своите домови.

,,Кога ги реконструираа куќите тие што тврдеа дека ќе останат таму, требаше да останат, да продолжат да живеат, меѓутоа не е така. Доволно трауми преживеаа луѓето и не би се сакале повторно да го преживеат истото, да се вратат назад каде што се малцинство, повеќето куќи веќе и се продадоа и луѓето си заминаа, значи нема шанси.“
Доколку правиме хронологија на случувањата од 2006 година па наваму имавме една низа на случувања на меѓуетнички план почнувајќи од тепачките во средните училишта, па струшките настани, па ги имавме прилепските настани со потпалувањето на џамијата, па дојдоа настаните со проектот Скопје 2014, па Калето итн... значи низа настани кои се показатели за влошување на меѓуетничките
односи.


Злоупотреба на меѓуетничките односи за политички цели

Според истражувањата на Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци во првите шест години по конфликтот има подобрување на меѓуетничките односи и лечење на раните, но во последниве неколку години состојбата е влошена. Директорот на центарот Владо Димовски вели дека причина за влошување на односите е неисполнувањето на политичките ветувања и немањето доволно политичка волја за одржување на меѓуетничката толеранција.

„Доколку правиме хронологија на случувањата од 2006 година па наваму имавме една низа на случувања на меѓуетнички план почнувајќи од тепачките во средните училишта, па струшките настани, па ги имавме прилепските настани со потпалувањето на џамијата, па дојдоа настаните со проектот Скопје 2014, па Калето итн. Значи низа настани кои се показатели за влошување на меѓуетничките односи.“

Тој додава дека и покрај влошената состојба намеѓуетничките односи, не постои можност да се повтори конфликтот затоа што и самите истражувања покажуваат дека случувањата се исценирани од политичарите.

Од настаните на скопското Кале

„Дека сето тоа е смислено сценарио на политичарите дека во периоди кога да речеме треба да се отргне вниманието на граѓаните од некои други случувања во државата, како социоекономската состојба или кога ќе дојде време за зголемување на рејтингот за избори, така да контролирани се сите тие меѓуетнички конфликти и сценарија на кои сметам дека граѓаните на Македонија нема да наседнат и 2001 нема да ни се повтори.“

Сите проблеми кои се појавуват и кои влијаат врз нарушувањето на меѓуетничките односи се последица од неисполнувањето на ветувањата кои политичарите ги дадоа по конфликтот во 2001, велат експертите. Неодговорното однесување на политичарите се причина за состојбите во меѓуетничките односи, велат политиколозите. Генерално не постои, но тука дополнително влијае и начинот на кој политичарите го претставија во
Дека сето тоа е смислено сценарио на политичарите дека во периоди кога да речеме треба да се отргне вниманието на граѓаните од некои други случувања во државата, како социоекономската состојба или кога ќе дојде време за зголемување на рејтингот за избори, така да контролирани се сите тие меѓуетнички конфликти и сценарија на кои сметам дека граѓаните на Македонија нема да наседнат.
јавноста Рамковниот договор кој и по десет години се гледа како подарок од Македонците за Албанците, а не како придобивка за целата држава кој ја спаси Македонија, но и регионот од поделби, оценуваат дел од политиколозите.

Претседателот на здружението на ветераните на ОНА Бесим Хода вели дека народот извлече поука од војната но за жал политичарите и од албанскиот и од македонскиот блок не ја сфатија лекцијата и не работат на решавање на проблемите.

„Тие не смеат во името на народот да реализираат какви било лични и бизнис интереси заборавјќи на вистинските интереси на граѓаните кои ги претставуваат. За македонските политичари 2001 треба да биде лекција дека не смеат да се однесуваат како газди на државата туку напротив треба и албанците да си смеатаат за составен дел на општетсвото во рамноправни позиции.“

Претседателот на здружението „Достоинство“ Стојанче Ангелов вели дека настаните кои се случуваат во последниве десет години по завршувањето на конфликтот не одат во полза на подобрување на меѓуетничките односи.

„Според мене односот на албанските политички фактори не е како што треба затоа што секогаш кога ќе им падне рејтингот на политичките партии на Албанците веднаш се служат со националистичка реторика, веднаш наоѓаат проблеми во нефункционирање на Рамковниот договор, неисполнување на некакви права, иако според мене, динамиката на спроведување на Рамковниот договор и воопшто правата на Албанците во Македонија е на едно завидно ниво.“
Според мене односот на албанските политички фактори не е како што треба затоа што секогаш кога ќе им падне рејтингот на политичките партии на Албанците веднаш се служат со националистичка реторика, веднаш наоѓаат проблеми во нефункционирање на Рамковниот договор, не исполнување на некакви права.


Не е можно повторување на „2001“

И Хода и Ангелов не очекуваат повторување на конфликтот од 2001-ва, но предупредуваат дека не се исклучува можноста од експлозија во меѓуетничките односи. Хода вели дека доколку продолжи националистички говор со огромна доза на патриотизам да биде составен дел од комуникацијата меѓу владејачката партија ВМРО-ДМНЕ и албанските партии во изборниот процес, лошата економска на земјата и изолацијата на државата со нерешавањето на спорот со името се дел од факторите кои може да донесат нови проблеми.

„Сигурно сите овие фактори им овоможува простои и време на тие кои што размислуваат поинаку и кои што исто така ќе бидат потпомогнати од политичките партии кои ќе излезат како губитници во овој изборен процес, ќе придонесат Македонија и натаму да биде нестабилна држава со загрозена иднина за граѓаните и за самата држава.“

Рамковниот договор и натаму генерира (не)задоволство?

Ангелов смета дека денеска е лесно да се предизвика инцидент.

„Објективно издржана опасност според мене нема, меѓутоа многу малку треба за таа опасност да се појави одеднаш како што беа настаните на скопското Кале. Еден експлозивен настан може да ја запали меѓуетничката тензија до ниво да ни се повтори нешто слично макар што верувам дека меѓународната заедница не би дозволила такво нешто.“
Објективно издржана опасност според мене нема, меѓутоа многу малку треба за таа опасност да се појави одеднаш како што беа настаните на скопското Кале. Еден експлозивен настан може да ја ,,запали" меѓуетничката тензија до ниво да ни се повтори нешто слично макар што верувам дека меѓународната заедница не би дозволила такво нешто.


Дебатата за соочување на фактите и доближување до вистината за конфликтот во 2001 година, која неодамна се одржа, заврши со меѓусебни обвинувања и во одбрана на лични и теснопартиски интереси на учесниците. На расправата на која учествуваа поранешни припадници на ОНА, припадници на македонските безбедносни служби и професори немаше доближување на ставовите меѓу Албанците и Македонците, ниту одговор дали е постигнато етничко помирување.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека причината за чуствителноста на прашањето е тоа што не постои унифицирана вистина за случувањата во 2001.

„Државата на пример не се занимава адекватно и со проблемите на „Достоинство“ и на војниците на ОНА, значи тоа е се уште тема која тлее, политичарите немаат најдено храброст да ги решат во моментот туку одолговлекуваат некои законски решенија и тие според мене се импровизирани и затоа генерираат незадоволство кај двете страни.“

Тој додава дека и решенијата кои се донесоа политичарите различно ги интерпретираат во јавноста.

„Начинот на кој Охридскиот рамковен договор од старт се претставуваше и тоа е една од причините зошто овие прашања се уште тлеат, затоа што едната страна, албанската страна условно речено, настојуваше Охридскиот договор да го прикажат како придобивка, како политичка победа, а македонските политичари гледаа на Охридскиот договор како на губиток и тоа автоматски генерира различен пристап кон тој договор кој да не заборавиме е мировен
Начинот на кој Охридскиот рамковен договор од старт се претставуваше и тоа е една од причините зошто овие прашања сеуште тлеат, затоа што едната страна, албанската страна условно речено, настојуваше Охридскиот договор да го прикажат како придобивка, како политичка победа, а македонските политичари гледаа на Охридскиот договор како на губиток и тоа автоматски генерира различен пристап.
договор.“

Димовски вели дека не очекува големи проблеми на меѓуетнички план за време на изборниот процес, но потсетува дека адут на политичарите ќе им бидат токму меѓуетничките односи, а граѓаните во сето тоа ќе бидат колатерална штета.

„Македонските политички партии ќе играат на картата дека сето тоа е завршено, дека се се добило итн., а албанските политички партии ќе играат на картата дека правата се уште не им се остварени и дека се уште не се исполнети условите од Рамковниот договор. Јас повеќе очекувам дека во предизборието ќе имаме меѓупартиски нереди, отколку меѓуетнички.“

Муслиу, пак, вели дека народот е сиромашен и е дирекно зависен од политичарите, а меѓуетничките односи ќе бидат лесен инструмент со кој ќе може да се манипулираат со граѓаните.

Потпишувањето на Рамковниот договор на 13 август 2001 година во Скопје

„Се додека државата е најголемиот бизнисмен, најголемиот вработувач, се додека имаме голем степен на сиромаштија, се додека тоа се случува, граѓаните ќе бидат подложни на овие потези на политичарите затоа што секојдневниот живот од ним им зависи. И се додека е така јас мислам дека овие меѓуетнички односи ќе бидат подложни на злоупотреби.“

Политиколозите велат дека во Македонија има релативно добар соживот кој е под дирекно влијание на недоговорното однесување на политичарите. Дел од прашањата кои се поставија на крајот на конфлитот се решени, но останува уште многу да се работи. Политиколозите порачуваат политичарите да внимаваат на злоупотребата и партизирањето на одредбите од Рамковниот договор, да работат повеќе и да инвестираат повеќе во надминувањето на стеротипите кои се уште не се искоренети.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG