Достапни линкови

Беса: Претставената програма на СДСМ е рамка што треба да се догради


Архивска фотографија, Претставник на политичката партија Беса

Архивска фотографија, Претставник на политичката партија Беса

Програмата што вчера ја претстави СДСМ е рамка што треба да се догради за да биде сеопфатна и за прашањата кои се однесуваат на Албанците како втор поголем народ во Македонија, соопшти денеска Движењето Беса. Oд Беса, сепак, не сакаат да ја коментираат програмата на СДСМ, бидејќи мандатот за формирање влада сè уште не е даден.

„Сè уште е не е деблокирано доделувањето мандат на претседателот нa СДСМ, процес кој создава можност за почнување на преговорите за создавање влада. Затоа дотогаш нема да коментираме, а откако ќе му биде доделен мандатот, ќе се изјасниме со забелешки и со сугестии.“

Од Беса велат дека и понатаму имаат разлики со СДСМ во однос на толкување на уставните одредби кои се однесуваат на употребата на албанскиот јазик, јавува новинската агенција МИА.

XS
SM
MD
LG