Достапни линкови

Руски генерал обвинет за мито од 170 илјади евра


Архивска фотографија-рускиот генерал Вјачеслав Варчук

Архивска фотографија-рускиот генерал Вјачеслав Варчук

Поранешниот заменик командант на полициските сили во Русија. Вјачеслав Варчук е обвинет за земање на мито, јавуваат руските медиуми. Според новинските извештаи, генерал- полковник Варчук е обвинет за мито од 170 илјади евра. Судот му одреди мерка притвор од два месеца. Портпаролката на воениот суд соопшти дека е испратена и жалба за мерката притвор. Варчук на функцијата заменик генерал надлежен за економски и финансиски прашање беше поставен во 2010 година.

XS
SM
MD
LG