Достапни линкови

Вонредната состојба во Турција ќе се пролонгира за три месеци


Архивска фотогарфија, турскиот премиер Бинали Јилдирим

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска изјави дека Владата планира да ја продолжи за уште три месеци вонредната состојба во земјата, воведена по обидот за преврат на 15 јули 2016 година. Јилдирим нагласи дека вонредната состојба веќе била продолжена два пати, во октомври и во јануари.

„Поаѓајќи од сегашната ситуација режимот на вонредната состојба ќе завши на 19 април. Во услови ако режимот биде продолжен за уште три месеци тој ќе биде во сила до 20 јули“, истакна турскиот премиер.

XS
SM
MD
LG