Достапни линкови

Мандатот на СЈО клучен за надминување на опструкциите


Прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

СЈО постојано се соочува со опструкции со цел да не си ја заврши својата работа во дадените рокови, но и за да не отвори нови истраги и обвиненија, велат упатените. Потребно е, според нив, да се продолжи мандатот на институцијата.

Од формирањето СЈО постојано, на секој чекор, наидува на сопки, со цел да се отежни работата на институцијата, за да не се расветлат сите кривичните дела кои произлегуваат од содржината на таканаречените бомби, кои ги објави опозицијата. И во истрагите, но и во обвиненијата, надлежните институции воопшто не излегоа во пресрет на барањата на СЈО, кое во јавноста постојано се соочува со напади и црна кампања иницирана од провладините медиуми. СЈО, според законот, има рок за покренување на обвинение во период не подолг од 18 месеци од превземањето на предметите и материјалите во негова надлежност, а има мандат од четири години.

Сите опструкции со кои се соочува СЈО, се со цел да се минимизира неговата работа сè до завршување на роковите, вели поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски. Прашање е, според него, дали согласно рокот, СЈО ќе може да ги реализира сите планирани истраги и обвиненија .

„Мислам дека целта на оваа опструкција, која сега се прави, е да се оневозможи СЈО да опфати и други случаи за кои што јавноста беше информирана преку „бомбите“ кои ги пласираше СДСМ. Меѓутоа во материјалите кои се доставија до Обвинителството веројатно има и други посложени случаи, а лицата коишто сметаат дека ќе се најдат во документите имаат еден мотив со опструкции да се оневозможи СЈО да ги опфати сите интересни и тешки случаи коишто се исклучиво во нивна надлежност“, смета Трпеновски.

Според него, рокот за покренување обвинение треба да се продолжи до крајот на мандатот на СЈО.

„Е тој временски период практично значи овозможување на СЈО да си ја заврши работата. Значи да се продолжи од наместо 18 месеци до крајот на мандатот на СЈО од четири години“, порачува Трпеновски.

Од СЈО досега покренаа девет истраги сите на почетна буква „Т“ и две обвиненија, кои завршија на Суд, но засега во тек се само подготвителните рочишта за случаите. Следното рочиште за обвинението за уништување документација поврзана со прислушувањето е на 13 март, а за насилството на протестите на Општина Центар на 22 февруари.

Сите случаи на СЈО
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:54 0:00

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG