Достапни линкови

Франција избира претседателски кандидат нa десницата


Француските политичари Франсоа Фијон и Ален Жипе

Француските политичари Франсоа Фијон и Ален Жипе


Граѓаните во Франција гласaaт за избор на претседателски кандидат нa централно-десничарската партија на републиканците. Франсоа Фијон победи во првиот круг пред една недела со 44 проценти, додека неговиот против кандидат Ален Жипе имаше 28,5 проценти. Победникот на денешното гласање ќе се кандидира за претседател следната пролет. На претседателските избори во мај на кандидатот на републиканците противкандидат ќе му биде претседателката на екстремно десничарскиот Национален Фронт Марин Лепен. Фијон и Жипе се поранешни премиери. Фијон предупреди дека Франција е "на работ на револт" и сака радикални економски промени. Фијон, исто така, ја нагласи потребата да се заштити идентитетот на Франција. Жипе се фокусираше на пораката на хармонија и разновидност, и го обвини неговиот ривал дека е близок до рускиот претседател Владимир Путин. Фијон повика на Алијансата со Москва за борба против милитантите од Исламска држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG