Достапни линкови

logo-print

Јанукович го обвини Киев за саботажа


Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович сведочи преку видео врска од Ростов на Дон, Киев, 25.11.2016

Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович сведочи преку видео врска од Ростов на Дон, Киев, 25.11.2016

Украинскиот истеран претседател Виктор Јанукович ја обвини владата во Киев за провокација и саботажа на неговото сведочење преку видео врска во украинскиот суд во процесот против петте поранешни полицајци осомничени за убиства на демонстранти за време на антивладините протести во 2014 година. Јанукович, кој сега живее во егзил во Русија, се појави денеска во судница во Киев преку видео линк од Ростов на Дон.

Но неговото сведочење беше одложено за по 28 ноември откако демонстрантите од националистичката група Прави сектор го блокираа излезот од затворот каде што се петте поранешни припадници на специјалните сили. За руската телевизија Русија 24 Јанукович изјави дека имал првични информации дека украинската влада иницирала провокации за да се саботира неговото денешно сведочење и да се спречи да зборува како сведок во случајот.

Во почетниот говор преку видео врска Јанукович рече дека сакал „да ја воспостави вистината“ за смртта на повеќе од сто демонстранти за време на протестите на плоштадот Мајдан во Киев во 2014 година.


XS
SM
MD
LG