Достапни линкови

Турците во САД да бидат внимателни поради протестите против Трамп


Протести против изборот на Доналд Трамп за претседател на САД во Денвер, Колорадо на 10 ноември 2016

Протести против изборот на Доналд Трамп за претседател на САД во Денвер, Колорадо на 10 ноември 2016

Турција официјално ги предупреди своите државјани во САД да бидат внимателни поради насилните протести против изборот на Доналд Трамп за претседател, како и поради зголемувањето на физичките напади и малтретирања од анти-имигрантски и расистички карактер, пренесоа американските медиуми. Во соопштението на сајтот на турското Министерство за надворешни работи се наведува дека демонстрациите против Доналд Трамп „понекогаш се проследени од кривични дела и појави на насилство“ и се одбележува дека силите на редот досега уапсиле голем број демонстранти.

XS
SM
MD
LG