Достапни линкови

logo-print

Јилдирим - Турција е решена што поскоро да ги обнови односите со Русија


Турскиот премиер Бинали Јилдирим

Турскиот премиер Бинали Јилдирим

Турција е решена со брзо темпо да ги обнови односите со Русија во сите сфери и да ги подигне на ново ниво, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим на средбата со регионалните лидери на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

„Односите со Русија се развиваат со напредок, ние си поставивме цел да не се ограничуваме до нивото од пред кризата, туку да го подигнеме на ново ниво и да ги направиме сеопфатни“, рече Јилдирим.

Како што јави ТАСС, коментирајќи ги разговорите кои се одржаа на 10 октомври во Истанбул меѓу претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, Јилдирим рече дека биле донесени решенија за односите во различни области, кои Анкара ќе ги спроведе.

XS
SM
MD
LG