Достапни линкови

Антимигрантски референдум во Украина


Унгарците почнаа со гласање на референдумот кој се очекува да испрати силна симболична антимигрантска порака до остатокот од Европската унија.

Премиерот Виктор Орбан е предводник на гласовите против дозволувањето на сириските бегалци и други мигранти да дојдат во Европа. Тој подигна огради на границите за да се спречи преминувањето и побара од сонародниците да ја одбијат квотата од ЕУ за прием на мигранти. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека гласачите со мнозинство ќе ги поддржат неговите ставови. Тие беа предупредени и од високи претставници на партијата на Орбан за опасностите од странство меѓу кои и ослабување на унгарската култура и екстремистички напади.

Но референдумот по се изгледа ќе остане симболичен бидејќи според испитувањата на јавното мислење помалку од потребните 50 отсто гласачи ќе излезат на него. Како и да е, претставниците на ЕУ стравуваат дека унгарскиот референдум ќе го подигне притисокот врз нив додека се справуваат со предизвиците кои се во тек поради приливот на мигранти кои бегаат од конфликтите на Блискиот исток, Авганистан и други места.

XS
SM
MD
LG