Достапни линкови

Клинтон и Трамп пред првата меѓусебна дебата


Американските претседателски кандидати Хилари Клинтон и Доналд Трамп се подготвуваат на првата директна меѓусебна дебата за изборите на 8 ноември. Тие треба да се сретнат во Универзитетот Хофстра во сојузната држава Њујорк. Дебатата доаѓа во време кога анкетите покажуваат рамномерна трка меѓу двајцата кандидати. Една анкета на новинската агенција Ројтерс покажува дека околу половината од сите гласачи ќе ја донеселе одлуката за кој би гласале по одржаните дебати меѓу кандидатите. Се очекува денешната дебата да ја гледаат околу 90 милиони луѓе.

XS
SM
MD
LG