Достапни линкови

Комесарот на ОН за човекови права со критики до Македонија за мигрантите


Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Зеид ал Хусеин

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Зеид ал Хусеин

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Зеид ал Хусеин денеска побара од Македонија да ја запре, како што изјави, „систематската политика на протерување и затворање на мигрантите“. Тој изрази загриженост за ситуацијата на околу 180 мигранти, меѓу нив и 80 деца, кои се наоѓаат во двата транзитни центра, едниот на границата со Србија, а другиот на границата со Грција. Зеид упати критики поради тоа што Македонија го измени Законот за азил со што, како што рече, станува невозможно поголемиот дел од мигрантите да го легализираат својот престој дури и кога би барале азил.

XS
SM
MD
LG