Достапни линкови

logo-print

ХДЗ ги прифати условите на Мост за формирање владина коалиција


Лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ ги прифатил сите седум услови што ги постави партијата Мост за формирање владина коалиција меѓу двете партии, објави порталот Индекс.

Според Индекс, кој се повикува на неименувани извори во Мост, по прифаќањето на условите од страна на ХДЗ, за денеска во доцните попладневни часови се закажани преговори меѓу делегации на двете партии за формирање на идната влада.

Меѓу условите на Мост се и барањата за демократизација на хрватскиот политички и изборен систем, забрана за кандидирање за јавни функции на лица кои извршиле тешки кривични дела, измена на законите за Хрватската радиотелевизија и за платите во органите на локалната самоуправа, како и укинување на даноците за мали и средни претпријатија.

На вонредните парламентарни избори во неделата, ХДЗ освои 61 пратеник, но за мнозинство во 151-члениот Сабор му се потребни 76 гласови. Заедно со Мост, која освои 12 пратенички места, на ХДЗ за парламнетрано мнозинство ќе и недостасуваат уште најмалку три пратеници, кои може да ги обебзеди од некои од седумте претставници на малцинските заедници или некои од помалите десничарски партии.

XS
SM
MD
LG