Достапни линкови

Курдскиот лидер подготвен да преговара со Анкара


Абдула Оџалан, лидерот на Курдската работничка партија кој е во затвор на островот Имрали, е во добра здравствена состојба и е подготвен да и достави на Анкара „предлози“ за прекин на судирите, изјави неговиот брат Мехмет Оџалан по посетата во затворот.

„Имаме прелдози. Ако турската држава е подготвена да ги слушне може да разговараме и да ги конкретизираме за шест месеци за да се запре крвопролевањето“, рекол Абдула Оџалан, цитиран од својот брат.

- Ако турската држава навистина сака, проблемот може да биде решен и да не гинат повеќе луѓе. Ако државата направи еден чекор, проблемот ќе биде решен, изјавил Оџалан.

XS
SM
MD
LG