Достапни линкови

logo-print

Статистика бележи намалување на невработеноста


Државниот завод за статистика објави дека стапката на невработеност во второто тримесечје од годинава е намалена на 24 проценти што е за 0,5 проценти помалку во споредба со првото тримесечје, а за 2,8 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од годинава стапката на вработеност изнесува 42,9, а стапката на активност е 56,5.

Во овој период во Македонија е евидентирано 948.376 активно население од кое вработени се 720.674, а невработени 227.702 лица.

XS
SM
MD
LG