Достапни линкови

Руски борбен авион летал на три метри од американски


Еден руски борбен авион летал на само три метри од авион на американското воено воздухопловство над Црно Море, соопшти Пентагон, со оценка дека тоа бил опасен маневар на пресретнување. Портпаролот Џеф Дејвис прецизира дека руски авион од типот „Су 27“ извел „небезбеден маневар“ во близина на авион од типот „П8А“ кој бил на рутинска операција во меѓунарен воздушен простор. Руското министерство за одбрана пак соопшти дека авионот на два пати се приближил до јужната граница на Русија и оти не бил вклучен неговиот транспондер, уред кој ги емитува основните податоци за типот и летот на авионот. Пентагон соопшти дека пресретнувањето траело 19 минути.

XS
SM
MD
LG