Достапни линкови

По стотина бегалци пристигнаа во Грција секој ден


Во Грција во последните 24 часа пристигнале околу 200 нови бегалци и мигранти. Од нив на островот Лезбос пристигнале 84 мигранти и бегалци, а уште 115 стигнале до брегот на Хиос. На островот Самос во последното деноноќие не е регистриран ниту еден нов мигрант.

Во кампот во Мориа на Лезбос има 5.156 мигранти и бегалци, 3.399 се на Хиос и 1.029 се заглавени на Самос.

Според грчката полиција, 9.584 мигранти и бегалци од Лезбос, Хиос и Самос побарале политички азил во Грција.

XS
SM
MD
LG