Достапни линкови

Авио-врска меѓу САД и Куба по половина век пауза


По пауза од повеќе од половина век денеска беше реализиран комерцијален лет меѓу САД и Куба. Авионот леташе од Форд Лодердејл во Флорида до Санта Клара во Куба. Авионските врски меѓу двете земји беа прекинати за време на Студената војна. Со денешниот лет се отвара нова ера во односите меѓу САД и Куба, а со тоа почнува и редовниот авио- сообраќај со околу 300 летови неделно меѓу САД и најблиската островска држава. Патниците во авионот влегоа со песна и со звуците на салса. Авионот превезуваше 150 патници, меѓу нив и американскиот секретар за транспорт Ентони Фокс, а екипажот го сочинуваа Американци со кубанско потекло. САД и Куба во 2014 почнаа сонормализирање на односите. Минатата година повторно беа воспоставени дипломатски врски, со отворање на амбасади во Вашингтон и Хавана, а американскиот претседател Барак Обама во март беше во посета на Куба.

XS
SM
MD
LG