Достапни линкови

logo-print

Роднините на загинатите од Малезија Ерлајнс бараат одговори


Незадоволните роднини на загинатите патници од авионот на Малезија Ерлајнс кој беше соборен над источна Украина побараа од висок европски дипломат да изврши притисок врз Русија, Украина и врз САД да им дадат разузнавачки и радарски податоци во врска со трагедијата на истражителите. Меѓународната истрага собира докази за обвинение против одговорните за трагедијата од 17 јули 2014 година во која загинаа 298 патници и членови на екипажот. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за соборувањето на авионот Боинг 777. Петнаесетмесечната истрага спроведена од холандските власти во 2015 година утврди дека авионот бил соборен со ракета Бук, но не утврди експлицитно кој ја испукал. Сепак, беше идентификувана област од 320 квадратни километри од кога што би можела да биде испукана ракетата, а целата таа територија во тоа време била под контрола на проруските сепаратисти. Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков, денеска изјави дека Москва им ги предала на меѓународните истражители сите податоци и разузнавачки информации

XS
SM
MD
LG