Достапни линкови

Ердоган повтори деќа ќе ги уништи терористите


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе ги уништи терористите по нападите во Турција во изминативе неколку месеци. Зборувајќи на собирот во Газиентеп, каде што беше извршен самоубиствен напад во кој загинаа 54 луѓе, тој изјави дека терористите ќе бидат пронајдени и казнети. Турските власти за овој напад ги обвинија милитантите на ИД, но досега ниту една терористичка група на ја презеде одговорноста. Ердоган исто така повтори дека парламентот ќе донесе одлука за воведување смртна казна по неуспешниот пуч на 15 јули.

XS
SM
MD
LG