Достапни линкови

Меркел: да не се пренесуваат конфликтите од Турција во Германија


Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните од турско потекло активно да учествуваат во германското општество и да не ги пренесуваат во Германија конфликтите од Турција. „Наместо тоа, оние кои живеат тука со години и веројатно имаат и германско државјанство, треба да учествуваат во развојот на земјата и ако го сакаат тоа, ние би ги поздравиле за тоа“, рече таа во интервју за државната телевизија А Ер Де. Меркел доби критики поради интервјуто во „Пасауер Ноје Пресе" во вторникот, во кое изјави: „Очекуваме луѓето со турско потекло кои живеат во Германија долго време да имаат висок степен на лојалност кон нашата земја".

XS
SM
MD
LG