Достапни линкови

Најмалку 16 мртви во пожар во Москва



Најмалку 16 лица загинаа откако избувна пожар во еден магацин во Москва. Пожарот кој избувана во магацинот на една печатница, се случи изутрината во североисточниот дел на рускиот главен град. Властите соопштија дека четири лица биле однесени во болница со изгореници, додека 12 лица се спасени од пожарот. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин напиша на Твитер дека во тек е истрага за инцидентот. Недоволното почитување на стандардите за заштита од пожари беа причина за слични вакви инциденти во Русија.

XS
SM
MD
LG