Достапни линкови

logo-print

ДУИ ја поздрави посетата на Бајден на Косово


Претседателот на ДУИ Али Ахмети ја поздравува историската посета на Косово на големиот пријател на албанската нација и на целиот регион, заменик претседателот на САД, Џо Бајден, се наведува во партиското соопштение на Демократската унија за интеграција.

„Улогата на САД за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот е незаменлива и многу ценета, а придонесот на господинот Бајден во сите овие напори е невообичаен. Ние сме благодарни за придонесот на САД и посветени сме без ниту една резерва кон остварувањето на нашата заедничка цел, демократско општество и целосна интеграција на регионот во НАТО и Европската унија, се посочува во соопштението од ДУИ.

XS
SM
MD
LG