Достапни линкови

Ахмети се сретна со високиот претставник на САД Купчан


Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Амбасадата на САД во Скопје се сретна со Чарлс Купчан, директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност во Белата куќа.

Како што соопшти ДУИ, Купчан е главен советник за Европа на претседателот на САД Барак Обама, а бил директор и за време на администрацијата на претседателот Бил Клинтон.

Ахмети и Купчан, според ДУИ, разговарале за ситуацијата во Македонија, судирот на интереси меѓу земјите со различни агенди, случувањата во регионот, како и за интеграцијата на земјата во евро-атлантските структури.

Aхмети и Купчан разговарале и на други теми, меѓу кои и за спроведувањето на Охридскиот договор, велат од ДУИ.

XS
SM
MD
LG