Достапни линкови

Штајнмаер-Односите со Русија не се во „ќорсокак“


Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер рече дека односите меѓу Русија и западот не се во „ќорсокак“, предвидувајќи подобрување на релациите меѓу Москва и Берлин следниве години.

Зборувајќи на универзитетот во рускиот град Екатеринбург денеска, пред разговорите со неговиот руски колега Сергеј Лавров, тој рече дека се уште постојат можности за завршување на конфликтот во источна Украина и дека мировниот процес од Минск треба да остане во фокусот на таквите напори.

Тој исто така побара од Русија и од западните земји да им дадат предност на можностите што ги нуди Советот Русија-НАТО во намалување на тензиите во како што рече особено тешките времиња.

Ваквите изјави на Штајнмаер следуваат ден откако Лавров рече дека не е нивна вина тоа што односите со Германија се затегнати.

Разговорите на двајцата министри се очекува да се фокусираат на енергетски прашања, украина и конфликтот во Сибир.

XS
SM
MD
LG