Достапни линкови

logo-print

Трамп: САД треба да признаат дека Крим е дел од Русија


Доналд Трамп

Доналд Трамп

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп сугерира дека САД би требало да ја прифатат руската анексија на Крим ако тоа би водело до подобри односи со Москва и посилна соработка во борбата против милитантите на ИД. Ова е во спротивност со политиката на администрацијата на претседателот Барак Обама која одбива да ја признае руската окупација и илегалната анексија на Крим. Трамп демантира дека имал некакви односи со рускиот претседател Владимир Путин, наведувајќи дека ниту се сретнал, ниту разговарал со него.

XS
SM
MD
LG