Достапни линкови

logo-print

Чавушоглу: Над 300 службеници во МНР поврзани со пучот


Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека над 300 службеници на Министерството за надворешни работи биле поврзани со обидот за преврат во земјата, што беше изведен на 15 јули. Во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен-Турк, Чавушоглу најави и дека „двајца или тројца амбасадори“ можно е да бидат сменти од должноста.

Претходно, денеска Чавушоглу соопшти дека 88 службеници на Министерството се отпуштени поради поврзаност со обидот за преврат.

Тој во интервјуто нагласи и дека германската Влада треба на Турција да и предаде некои обвинители поврзани со муслиманскиот верски лидер Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за пуч во земјата, а кои побегнале во Германија.

Чавушоглу, исто така, наведе дека е дојдено до извесно позитивно придвижување во ставот на САД за екстрадицијата на Ѓулен, кој се наоѓа во доброволен егзил во оваа земја.

XS
SM
MD
LG