Достапни линкови

Шариф се врати дома по операцијата во Лондон


Пакистанскиот премиер Наваз Шариф се врати дома по операцијата на срцето што ја имаше во Лондон.66 годишниот политичар на аеродромот во неговиот роден град Лахоребеше пречекан од членовите на семејството, речиси 50 дена откако ја напушти земјата. Ова е втор пат во последните пет години Шариф да оди на операција на срцето. Операцијата во 2011 година резултираше со дополнителни комликации.

Шариф го напушти Пакистан сред обвинувањата и повиците од опозицијата да си поднесе оставка бидејќи според документите објавени од компанијата Мосак Фонсека членови на неговата фамилија имале офшор сметки.

Шариф рече дека е спремен да се соочи со истрагата а опозицијата најави дека ќе започне капмања за притисок врз премиерор да си поднесе оставка.

XS
SM
MD
LG