Достапни линкови

Русија ја обжали забраната на Олимпијадата во Рио


Рускиот Олимписки комитет соопшти дека поднеле жалба на забраната за настап на нивниот атлетскиот тим на Олимписките игри во Рио де Жанеиро следниот месец.

Портпаролот на Комитетот, Константин Виборнов денеска изјави случајот е поднесен во Судот за спортска арбитража, а сослушувањето ќе биде на 19 јули.

Меѓународната атлетска федерација во неомври ја суспендираше Русија, откако Светската анти – допинг агенција утврди широко распространето користење на допинг во руската ателетика, спонзорирано од државата. Забраната беше потврдена минатиот месец на гласањето на Меѓународната атлетска федерација.

XS
SM
MD
LG