Достапни линкови

Израелската влада го поддржа договорот со Турција


Израелската Влада денеска го поддржа Договорот за возобновување на односите со Турција, што беа прекинати во 2010 година. Неколку роднини на Израелци убиени при палестински напади, поднесоа петиција до Врховниот суд против Договорот, барајќи прво Турција да ги протера сите високи членови на исламистичкото палестинско движење Хамас од своја територија. Високи претставници на министерствата за надворешни работи на двете земји вчера го потпишаа Договорот, што сега треба да биде одобрен и од турскиот Парламент. Односите меѓу некогашните блиски сојузници Турција и Израел беа прекинати пред шест години, кога израелски командоси упаднаа на турски брод, што превезуваше хуманитарна помош за Појасот Газа, при што загинаа десетина Турци.

XS
SM
MD
LG