Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ: Празно и конфузно интервју на криминалецот Заев


Криминалецот мисли дека се сите криминалци како него. Оваа позната максима денес ја потврди аболираниот криминалец Зоран Заев кој сè уште се крие зад помилувањето на Бранко Црвенковски за кражба на 8 милиони евра, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на лидерот на СДСМ за „Радио Слободна Европа“.

Од владејачката партија велат дека Заев дал уште едно празно и конфузно интервју, во кое го потценува народот.

„Народот добро го памети аболираниот криминалец Заев кој се закануваше дека ќе избркал од чистачка до директор и ќе се пресметал со цела администрација која не се согласува со деструкцијата на СДСМ. Народот добро го памети аболираниот криминалец Заев кој велеше дека мора да се свитка кичмата во преговорите за името. Народот добро го памети аболираниот криминалец Зоран Заев кој ја промовираше идејата за официјализирање на албанскиот јазик на целата територија како втор државен јазик. СДСМ нема ниту програма, ниту проекти кои може да им ги понуди на граѓаните. Затоа мислат дека колку поголемо лажно ветување ќе дадат, толку повеќе ќе ги убедат граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG