Достапни линкови

СЈО бара изземање на судијката за „Тврдина“


Прекинат е распитот во основниот суд на осомничените во предметот Тврдина, затоа што во текот на распитот судијката на претходна постапка добила барање од СЈО за нејзино изеемање од случајот. Во соопштението од судот е наведено дека судијката на претходна постапка откако ќе ги комплетира списите во предметот заедно со барањето ќе ги достави до претседателот на судот кој во рок од три дека треба да одлучи по однос на барањето за изземањето на судијата.

Во дел од медиумите е објавено дека причинaта за барањето за изземање е конфликт на интереси, односно дека сопругот на судијката бил вработен во општински комитет на ВМРО ДПМНЕ во Неготино.

„СЈО води политичка пресметка во име на опозицијата со своите политички неистомисленици, а тоа што во фактот што во текот на распитот СЈО побара изземање на судијата од политички мотивирани причини, е уште една дополнителна потврдина за политичкиот настап на ова Обвинителство“, изјави Јанкулоска откако беше прекинат тричасовниот распит.

Ова е втор пат како е прекинат распитот на Јанкуловска, откако претходно на судија во претходна постапка му се слоши во текот на долгочасовниот распит.

По завршувањето на распитот Јанкуловска посочи дека е сосема спокојна бидејќи, како што таа тврди нема направено никакви кривични дела. Во неколку наврати таа одби директно да одговори на новинарските прашања, дали како министерка во периодот кога е уништена опремата знаела за таквата акција.

Првоосомничен во овој случај е Горан Грујовски, началник во Петтата управа при Министерство за внатрешни работи а трето осомничена е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Во предметот Тврдина вкупно 5 осомничени лица се товарат за уништување на опремата за прислушување.

Специјалното јавно обвинителство за прво осомничениот побара мерка притвор додека за останатите 4 лица побараа мерки за претпазливост односно одземање на патни исправи.

XS
SM
MD
LG