Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ слави, полицијата апси


Полицијата го уапси активистот Павле Богоевски додека се обидуваше да истакне платно со транспарент на Камениот мост додека владејачката партија го прославуваше 26-титот роденден.

Додека траеше прославата на 26-тиот роденден на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Музејот на ВМРО и жртвите на комунизмот, на Камениот мост беше уапсен активистот од Шарената револуција Павле Богоевски при обид за герила акција.

Имаме извршители на сериозни кривични дела во серија и во повторување, коишто упорно седат на слобода, коишто судовите не можат да се дрзнат да им определат мерка притвор. Тие сторители се фамилијата која е на власт, злосторничко здружение.

Тој заедно со група активисти се обидуваше да постави седумметарско платно со саркастични пароли на мостот. По неколку часа поминати во полициската станица Пролет, Богоевски излезе со транспарентот и со една прекшочна пријава поради непочитување на наредба на овластено службено лице.

„Тоа не е проблемот, проблемот е што ова уште еднаш ги покажува двојните аршини на селективата правда на власта. Значи имаме луѓе коишто доаѓаат со платно од седум метри да го пуштат по кеј и вие ги апсите, ги врзувате, ги казнувате по наредба, а од друга страна имаме извршители на сериозни кривични дела во серија и во повторување, коишто упорно седат на слобода, коишто судовите не можат да се дрзнат да им определат мерка притвор. Тие сторители се фамилијата која е на власт, злосторничко здружение“, рече тој.

Пред полициската станица, активистите го извадија и платното поради кое беше уапсен Богоевски.

Претходно, на улицата пред полициската станица, неколку стотини демонстранти извикуваа „Шутка не ти бега, Никола“ и „Слобода за Пајо“. Тоа беше единствената улица на која беше исклучено уличното осветлување.

Во меѓувреме, во Музејот се оддржуваше прославата на 26-тиот роденден на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на партијата Никола Груевски,, со високото државно и партиско раководство, во мирна атмосфера го прослави роденденот. Груевски во својот говор посочи дека партијата го оправдала префиксот ВМРО и дека СДСМ делува недржавнички, а СЈО може да се смета за коалиционен парнер на СДСМ.

„Се губи трепението кај народот поради неправдите кои ги гледа. Се повеќе, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сум под притисок на илјадници граѓани кои на различен начин ме контактираат барајќи поддршка за поодлучна народна акција, дека ако вака продолжат, колку јас и моите соработници да сме толерантни и наклонети на решавање на проблемите преку дијалог и демократски методи, нема да можам да ја држам ситуацијата под контрола. Народот врие“, рече Груевски во својот говор.

Покрај него, на роденденот беа присутни и дел од министрите и пратениците. Отсуствуваше поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот министер за финасиии Зоран Ставрески.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG