Достапни линкови

Напаѓачот во Орландо со авганистанско потекло?


Најмалку 20 лица се убиени, а 42 други се повредени во преполниот геј ноќен клуб во Флорида.

Полицијците влегле во клубот три часа по пукањето и го убиле напаѓачот кој дел од луѓето во клубот ги држел како заложници.

Некои од американските медиуми обајвија дека напаѓачот е Омар Mатен, роден од авганистанските родители во 1986 година, а живеел во Порт Св Луси, Флорида.

Медиумите објави дека Maтен немал криминална историја и дека властите испитуваат дали имал врски со исламистички екстремизам.

Портпаролот на ФБИ, претходно изјавил дека се истражува дали напаѓачот дејствувал сам.

Тој рекол дека можно е напаѓачот да имал наклонетост кон радикална исламистичка идеологија, но не било веднаш јасно дали ова е случај на домашен или меѓународен тероризам.

XS
SM
MD
LG