Достапни линкови

Почнува ЕУРО 2016 во Франција


Со натпреварот меѓу домаќинот Франција и репрезентацијата на Романија, денеска ќе започне 15-то Европско фудбалско првенство кое ќе трае еден месец. Натпреварите од ЕУРО 2016 ќе се играат на десет стадиони. Дваесет и четирите селекции се поделени во шест групи, од кои пласман во следната фаза ќе обезбедат двете првопласирани, како и четири најдобро рангирани репрезентации кои ќе завршат на третото место во групите.

Во групата А, покрај Франција и Романија се и репрезентациите на Швајцарија и дебитантот Албанија.

Англија е главен фаворит во Б групата во која се и Русија, Словачка и Велс.

Светскиот шампион Германија, заедно со Северна Ирска, Полска и Украина ја сочинуваат Ц групата, додека во Д групата покрај европскиот првак Шпанија се и селекциите на, Хрватска, Чешка и Турција.

Белгија и Италија се главните конкуренти за двете места кои носат пласман во втората фаза во Е конкуренцијата во која за противници ќе ги имаат и селекциите на Република Ирска и Шведска.

Во последната Ф група се: Португалија, Австрија, Унгарија и Исланд, земја која за прв пат ќе игра на завршница на Европските првенства.

Ова е трет пат Франција да биде домаќин на ЕП по 1960-та и 1984-тата кога „триколорите’’ станаа и европски шампиони.

XS
SM
MD
LG