Достапни линкови

Грција блиску до траншата од 7,5 милијарди евра


Грција е на чекор од добивање на траншата во износ од 7,5 милијарди евра, откако на вчерашната седница во Хелсинки, Европската работна група даде зелено светло за стартување на потребната процедура во парламентите на земјите од еврозоната за одобрување на траншата, пишува грчкиот весник „Катимерини“. За оваа одлука сега треба да се произнесе и европскиот стабилизациски механизам. Институцијата ќе заседава на 16 јуни во Луксембург.

Се смета дека ако се се одвива нормално, Грција ќе ја добие траншата од 7,5 милјарди евра ден или два пред британскиот референдум на 23 јуни.

XS
SM
MD
LG