Достапни линкови

Шулц: Европската перспектива неопходна за Балканот


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Европската перспектива останува како потребно ветување за да се стабилизара Македонија од внатре, порача претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц на заедничката прес-конференција со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.

„Европската перспектива е непходона за земјите од Балканот. Тоа е причината поради која Европскиот Парламент од секогаш подвлекува дека тие перспективи треба да бидат зачувани и да не бидат прекинати, рече Шулц.

Според него, постојат многу проблеми во регионот.

„Сепак, да се одделат овие земји од перспективата да му се приклучат на овај простор на безбедност, стабилност и економски развој ќе биде сериозна грешка. Дури и во вашата земја, европската перспектива останува како потребно ветување за да се стабилизара земјата од внатре иако имате сериозни и значајни проблеми кои и нашите колеги од Европскиот парламент што се заложија со голема амбиција не упсеаа до овој момент да помогнат да се решат“, додаде тој.

Тој потенцираше оти „е потребно да ја зачуваме соработката меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан.“

XS
SM
MD
LG