Достапни линкови

logo-print

ИД користи семејства како жив штит во Фалуџа


Раселени ирачки семејства во градот Фалуџа.

Раселени ирачки семејства во градот Фалуџа.

Агенцијата за деца на Обединетите Нации (УНИЦЕФ) соопшти дека најмалку 20.000 деца остануваат заробени во ирчкиот град Фалуџа, додека владините сили се борат да го преземат градот од милитантите на групата на Исламската држава (ИД).

„Загрижени сме за заштитата на децата во услови на екстремно насилство“, рече претставникот на УНХЦР во Ирак, Питер Хокинс. Тој додаде дека „децата се соочуваат со ризик за присилно регрутирање во борбите во градот и за одвојување од нивните семејства.“

Ирачките сили поддржани од шиитските милиции и воздушните напади предводени од САД, на 23 мај започнаа офанзива за преземање на Фалуџа, 70 километри западно од Багдад. На 30 мај ирачките сили почнаа да напредуваат во градот.

Според ОН околу 50.000 цивили се заробени во градот.

Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР) истакна дека групата на ИД користи неколку стотици семејства како жив штит на просторот на Фалуџа.

„Добивме информации за страдање на цивили во центарот на Фалуџа поради гранатирањата. На 28 мај убиени се седум членови на едно семејство“, рече портпаролот на УНХЦР, Вилијам Спиндлер. „Имаме информации дека ИД користи семејства како човечки штит во центарот на Фалуџа“, изјави Спиндлер.

XS
SM
MD
LG