Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во текот на денот од запад ќе се прошири облачност насекаде, а локален дожд ќе има во западните и северните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 25 до 30 степени. Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 29 степени.

XS
SM
MD
LG