Достапни линкови

logo-print

Јункер во јуни во посета на Русија


Претседателот на Европската комисија, Жан - Клод Јункер се согласил следниот месец да присуствува на настан во Русија, изјави портпаролот на Комисијата.

„Претседателот Јункер е поканет и планира на 16 јуни да учествува на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург“, рече денеска портпаролот.

Кремљ ја поздрави веста, но портпаролт Дмитриј Песков рече дека кај Русија нема оптимизам дека со посетата на Јункер ќе се затоплат односите меѓу Брисел и Москва.

Јункер ќе биде првиот лидер на институција на ЕУ кој ќе ја посети Русија, откако санкциите беа воведени во март 2014 година за руската анексија на Крим и за поддршката на сепаратистите во источна Украина.

Анализите велат дека посетата на Јункер ќе дојде веднаш пред клучната одлука на ЕУ за тоа дали ќе ги обнови санкциите.

Јункер, кој повика на „практични односи“ со Москва се соочува со критики од некои европски претставници кои се залагаат за одржување на санкциите.

XS
SM
MD
LG