Достапни линкови

Оставка на главниот преговарач на сириската опозиција


Главниот преговорач на сириската опозиција Мухамед Алуш поднесе оставка поради неуспехот на мировните преговори под покровителство на Обединетите нации. Тој оцени дека преговорите не донесле политичко решение ниту пак придонесле за намалување на страдањата на населението во опколените градови од страна на сириската војска. Засега нема одредено датум кога би продолжиле преговорите што во април беа прекинати во Женева.

XS
SM
MD
LG