Достапни линкови

logo-print

Шилегов му упадна на прес-конференција на Чибишев


Пратеникот Петре Шилегов од СДСМ денеска упадна на прес-конференцијата на Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ, кој го обвинуваше Шилегов дека купил два стана во вредност од 160 илјади евра.

Шилегов го повика Чибишев да каже што не му е јасно околу имотот.

„Нема ништо незаконито и спорно во имотот на Петре Шилегов. Предметните станови се купени на кредит на 23 години. Направете разлика господине Чибишев помеѓу луѓе коишто чесно заработуваат и криминалците во вашите редови, на чело со Никола Груевски. Јас чесно заработувам, а вие крадете од државните пари. Тоа е голема разлика“, рече Шилегов.

Претходно Шилегов одржа прес-конференција на која, рече дека поранешниот премиер Никола Груевски се богател за по 10 илјади евра месечно и за една година заштедил скоро 120 илјади евра. Шилегов ги покажа анкетните листови на Груевски од 2014 и 2015 година и рече дека токму збогатувањето е причината за криењето на анкетните листови.

XS
SM
MD
LG