Достапни линкови

Шилегов - Груевски тргал на страна по 10 илјади евра месечно


Петре Шилегов, СДСМ

Петре Шилегов, СДСМ

Аболираниот Никола Груевски тргал на страна секој месец по 10 илјади евра и за една година официјално станал побогат за 118.629 евра, рече на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, покажувајќи ги анкетните листови на поранешниот премиер Никола Груевски од 2014 и од 2015 година. Шилегов рече дека токму ова била причината за криењето на анкетните листови на Груевски. Тој рече дека платата на поранешниот премиер била 88 илјади денари, но оти навел дека парите ги стекнал на друг начин.

„Ова е уште една причина зошто на Груевски му се потребни аболициите од Ѓорге Иванов. Нему и на неговите соработници. Аболиција целосно мора да се поништи и сите кои правеле злоупотреби на штета на граѓаните ќе одговараат. Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво“, рече Шилегов.

XS
SM
MD
LG