Достапни линкови

logo-print

Заев и Хајндл разговарале за политичката криза


Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придужуван од заменик претседателската Радмила Шекеринска, денеска се сретна со германскиот сепцијален пратеник Јоханес Хајндл, во рамките на неговата дводневна посета на Република Македонија.

Партиската прес-служба соопшти дека на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија и длабоката политичка криза, како и за стратешките цели на земјава на патот кон ЕУ и НАТО.

Заев и Хајндл разговарале за модалитетите за свикување на Собранието и одложување на изборите, како и начинот за поништување на одлуката на Горге Иванов за аболиција. Заев посочил дека СДСМ останува посветена на процесот за враќање на слобдата, демократијата и правдата во Македонија.

„Интересот на Македонија и на сите нејзини граѓани е оваа криза што побрзо да заврши и земјата да зачекори кон сигурна и подобра иднина. Во Македонина може и мора да има слободни, фер, демократски и регуларни избори за што е неопходно исполнување на сите услови“, рекол Заев на средбата со Хајндл.

XS
SM
MD
LG