Достапни линкови

Средба Груевски, Хајндл: ВМРО ДПМНЕ за брз излез од кризата


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во Скопје се сретна со германскиот специјален претставник Јоханес Хајндл. Притоа Груевски, како што е соопштено, истакнал дека се посветени кон изнаоѓање на решенија кои би значеле брз излез од политичката криза. Тој посочил дека е потребна волја и посветеност на сите субјекти, како и нивна активна партиципација и искрен пристап. Според него, секое решение треба да биде базирано врз почитување на волјата на граѓаните и нивното расположение како главна определба и носечка сила во градењето и развојот на демократското општество. Груевски истакнал дека стратешки интерес за државата е членството во Европската Унија и НАТО и оти континуирано се преземаат мерки и активности поврзани со реформската агенда.

XS
SM
MD
LG